Научно-стручно списание на Друштвото за патишта на Република Македонија
ПАТИШТА е научно - стручно списание кое го издава Друштвото за Патишта на
Република Македонија (ДПМ).
Друштвото за Патишта на Република Македонија е основано во 1967 год., како
стручно здружение на градежните инженери од областа на патиштата во
Македонија.
Научно стручното списание „Патишта“ се издава од април 2002 год.
Примарна цел на списанието е да се негува научно – стручниот дискурс во
областа на патиштата, со објавување на квалитетни научни трудови.