Апстракт
Ударот на возило во столбовите покрај патот е причина
за голем број на загинати лица во сообраќајот. За да се
зголеми безбедноста во сообраќајот, како алтернатива
на постојните вообичаени цврсти столбови, предложена
е примена на пасивно сигурни столбови со соодветни
својства за апсорпција на енергија при удар. Во овој труд се
прикажани различни видови на пасивно сигурни столбови
во однос на можноста за апсорпција на енергија согласно
со стандардот EN 12767:2019 и нивното однесување
за време на експериментални судари. Анализирано е
влијанието на материјалот за изработка на пасивно
сигурните столбови врз безбедноста на патниците во
возилото при удар на возилото во столб, како и предности
и недостатоци на примената на тие столбови на одредени
делници.
Автори
Вонр. Проф. Д-р Вишња Ткалчевиќ Лакушиќ
Иван Маркањевиќ
Клучни зборови
апсорпција на енергија, материјали на изработка, пасивна
сигурност, безбедност во сообраќајот, столб покрај патот