Skip to content

ВЛИЈАНИЕ НА ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ ВРЗ АСФАЛТНИТЕ СЛОЕВИ ОД КОЛОВОЗНАТА КОНСТРУКЦИЈА НА АВТОПАТСКА ДЕЛНИЦА

Апстракт

Коловозните конструкции на патиштата како дел од патната мрежа, претставуваат најскап и најекспониран дел од патот од кој зависи комфорот и безбедоста при возење, како и времето потрошено во патување, но исто така индиректно зависи и големината на вкупните трошоци предвидени за транспорт. Во РС Македонија има појава на голем температурен распон во текот на една година, за кој слободно може да се каже дека се достига и повеќе од 60˚С. Затоа од големо значење е изборот на соодветен тип на асфалтна мешавина, односно тип на битумен кој ќе даде адекватен одговор на овие температурни разлики со што би се продолжил периодот до наредна рехабилитација и би се оптимизирале вложените финансиски средства во патната инфраструктура.Според извршените мерења и анализираните податоци, за регионот на град Скопје, е дефинирана само максималната температура на примена на битуменот, бидејќи се разгледувани само максималните температури

Автори
Проф. Горан Мијоски
М-р Моника Т. Маџовски

Клучни зборови
асфалтна мешавина, битумен, коловозна конструкција, максимални температури

mk_MKMacedonian