Skip to content

ИНОВАТИВЕН ТРОЕН СMA СЛОЈ ЗА ПАТИШТА СО ТЕШКО СООБРАЌАЈНО ОПТОВАРУВАЊЕ

Апстракт

На почетокот на 2016 година TPA Engineers заедно со STRABAG Полска развија уникатен и иновативен тип на асфалтен коловоз со висока отпорност на бавен тежок сообраќај. Истиот се состоеше од три SMA асфалтни слоеви со различни врзива опишани како троен SMA (Stone Mastic Asphalt) слој за коловози со тешко сообраќајно оптоварување. Оригиналниот проект на коловозот беше изменет со цел да се задоволат барањата за многу отпорен и траен систем. На крај, SMA слоевите беа вградени од дното кон врвот, а составот на мешавините беше оптимизиран со употреба на високо модифицирани битуменски врзива (HiMA) како концепт за траен коловоз. Процесот на проектирање на коловозот започна веднаш по потпишувањето на договорот, а имаше многу кратко и ограничено време да се исполнат сите барања на клиентот и да се одобри проектот. За асфалтни патишта со тешко сообраќајно оптоварување, за прв пат во Полска, се користеше SMA основа со високо полимерно модифицирано врзивно средство како носечки слој отпорен на замор. Тројниот SMA слој според договорот е димезиониран со: 60 mm SMA16 PMB 45/80-80 како носечки слој отпорен на замор, 90 mm SMA22 PMB 25/55-80 како врзен слој и 50 mm SMA16 PMB 45/80-80 како абечки слој.

Автори
Д-р Игор Рутмар
М-р Марцин Херинг
М-р Агата Грајевска

Клучни зборови
Коловози за тежок сообраќај, високо модифициран асфалт, траен коловоз, троен SMA слој за патишта со тешко сообраќајно оптоварување

mk_MKMacedonian