Skip to content

ФИЗИЧКО – МЕХАНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА КАРБОНАТИТЕ ОД ЛОКАЛИТЕТОТ ВИДОВИШТЕ

Апстракт

Трудот ги претставува физичко-механичките карактеристики на карбонатните минерални суровини од палеозојскиот карбонатен масив на локалитетот Видовиште, Република Северна Македонија. Истражуваниот терен се наоѓа во источниот дел на Репу-блика Северна Македонија, поточно во Кочанско, во атарот на селото Видовиште, а административно припаѓа на општина Зрновци. Истражниот терен зафаќа површина од околу 0,42 km². Испитувањето на физичко - механичките карактеристики на материјалот, нивниот хемиски состав и минералошкопетрографските карактеристики, како и посебните анализи на дробениот материјал 0 – 63 mm, покажаа дека материјалот може да се користи во градежништвото како тампонски материјал на долен строј на патишта, а исто така, како агрегат за дробење за бетонски и асфалтни мешавини и друго

Автори
Вонр. Проф. Д-р Ѓорѓи Димов
Вонр. Проф. Д-р Благица Донева
Вонр. Проф. Д-р Александар Главинов

Клучни зборови
карбонати, физичко-механички карактеристики, хемиски состав, тампон

mk_MKMacedonian